Линкови за пристапност

Ердоган бара предвремени избори во Турција


Тој се залага Турција да се префрли од парламентарен во извршен претседателски систем

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вели дека предизвиците со кои се соочува земјата, без преседан го поттикнаа тој да побара предвремени претседателски и општи избори за 24-ти јуни, една година пред предвидениот рок.

„Дали се работи за прекугранични операции во Сирија или настани од историско значење во регионот, тие и` овозможија на Турција да ги надмине неизвесностите. Префрлувањето во нов систем на власт, се` повеќе добива итност, така што одлуките во врска со иднината на нашата земја може да се направат и спроведат со поголема сила“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Турција се наоѓа во политичка неизвесност по референдумот во 2017-та, кога беше изгласано земјата да се префрли од парламентарен во извршен претседателски систем.

Реформата влегува во сила само по следните претседателски избори.

Сите опозициски партии ги поздравија предвремените избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG