Линкови за пристапност

Директорот на Еквифакс се пензионира


Одлуката на Ричард Смит дојде по објавувањето на веста за постоење на хакерски напад врз компанијата

Извршниот директор на „Еквифакс“ (Equifax), Ричард Смит се пензионира, по масовното протекување на податоците од компанијата за кредитно известување.

Смит и „Еквифакс“ за хакерскиот напад дознале на крајот на јули, но чекале до 7-ми септември да ги информираат клиентите за инцидентот, што можеби дополнително ги компромитирало податоците на околу 143 милиони Американци.

Федералната влада истражува дали одговорот на компанијата бил соодветен, а Конгресот следната недела ќе одржи расправа по прашањето.

Паулино до Рего Барос Јуниор, директор од Азиско-пацифичкиот оддел ќе биде извршен директор, додека компанијата не најде постојана замена.

Од „Еквифакс“ која е една од најголемите компании за кредитни извештаи во САД велат дека хакерите имале пристап до имиња, податоци за социјалното осигурување, датуми на раѓање и адреси на околу 40 проценти од американската популација.

Од компанијата соопштија дека околу 209.000 броеви на кредитни картички исто така биле компромитирани.

Смит беше извршен директор од 2005-та година наваму, Неговото заминување уследи по ненадејното пензионирање на главниот офицер задолжен за кибернетска безбедност, Сузан Маулдин и главениот информатички офицер, Дејв Веб.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG