Линкови за пристапност

Бар најави темелна истрага за смртта на Епстајн


Главниот правобранител на САД додаде дека истрагата ќе продолжи за секој што можеби соработувал со него

Главниот правобранител на САД Вилијам Бар најави детална истрага околу наводното самоубиство на финансиерот Џефри Епстајн обвинет по шест основи за сексуална трговија.

„Овој случај беше важен за жртвите кои имаа храброст да излезат јавно. Тие заслужуваа да се соочат со обвинетиот во судница. Сега откриваме сериозни нерегуларности во затворскиот оддел, и сме длабоко загрижени. Бараме темелна истрага“, рече Бар.

Тој нагласи дека овој случај нема да се заврши со смртта на Епстајн, и додаде дека истрагата ќе продолжи за секој што можеби соработувал со него.

Епстајн беше пронајден мртов во саботата. Тој беше уапсен на шести јули за сексуална трговија со малолетнички. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија.

Се` уште се чекаат детали околу неговата смрт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG