Линкови за пристапност

Фестивал на филмови за животната средина


Фестивал на филмови за животната средина
Фестивал на филмови за животната средина

Прикажувани во кина, музеи и универзитети, филмовите даваат свежа перспектива за прашања од животната средина

Секоја пролет во главниот град на САД покрај фестивалот на цутење на црешите доаѓа и фестивалот на филмови за животната средина. Фло Стоун е негов директор и основач. Таа вели дека оваа година фестивалот соработува со 110 спонзори.

Филмовите се прикажуваат на 56 локации и никој никогаш не ги одбил.

А тие локации се кина, музеи и универзитети. Филмовите даваат свежа перспектива за прашања од животната средина.

Како филмот „Еден степен е важен“ на Ескил Харт, што се фокусира на уништувачкото влијание на глобалното затоплување.

Харт за Гласот на Америка вели дека филмот има и позитивна порака – ние можеме да го запреме емитувањето на штетни гасови со обновлива енергија како сончевата и енергијата на ветерот.

„Покажуваме дека технологијата е тука. Доколку сакаме, можеме уште утре да почнеме да го менуваме светот“, вели Харт.

Американскиот документарец „Зелена куќа“ покажува како со приватна иницијатива полека може да се менуваат работите.

Џејсон Скадрон и Лив Вајалет даваат хроника на изградбата на куќа во населба на Вашингтон, за која архитектот Марк Тарнер вели дека е за 75 проценти поекономична во користењето на енергијата отколку обична американска куќа, со покривот, подот и оптичките светларници.

„Се фокусиравме на тоа како е изградена куќата и дека во иднина може да стане пример како да се градат куќи“, вели Скадрон.

Тоа не е случај со државата на јагленот - Западна Вирџинија.

Документарецот „Јаглена држава“ покажува како техниката на рударење ја уништува животната средина и ослободува штетни гасови. Режисер е Филис Гелер.
Овој филм фрла светлина и на тензиите меѓу оние кои работат во индустријата и оние кои живеат во близина.

Иако не е лесно да се замени јагленот, многумина во филмовите велат напредокот е на хоризонтот, промената е во рамки на нашите можности, и дека без тоа – не ни се пишува добро.

XS
SM
MD
LG