Линкови за пристапност

Религијата и животната средина


Некои научници велат дека денешните лидери на најголемите светски религии можат да играат клучна улога во заштитата на животната средина.

Екологот Грегорз Микусински верува дека малку вера може многу да помогне во заштитата на биодиверзитетот. Тој и неговите колеги проучувале како луѓето од различни религии се распоредени во светот. Многу живеат во области каде биодиверзитетот може да е во ризик од климатските промени, развојот и други фактори.

Микусински предава на шведскиот Универзитет за земјоделски науки.

„Христијаните, и особено Римокатолиците, се најбројни во државите каде има многу биодиверзитет. Очигледно е дека Јужна Америка е многу важна во овој контекст – Бразил, Еквадор и други. Сите тие држави се нагласено католички. И потоа, САД, Мексико и некои други држави во Африка – се на појас од голем биодиверзитет околу екваторот“, вели тој.

Тој вели дека има одредено поклопување на религијата и биодиверзитетот, како Будизмот во Југоисточна Азија, Хинду во Индискиот потконтинент, Исламот во Мала Азија и регионите на Северна и Централна Африка. Тој вели дека животната средина обично не е тема на миси и проповеди за верниците, но можеби треба да биде.

„Јас всушност сум член на Католичката црква многу години и можам да ви кажам од сите проповеди што сум ги слушнал, немало многу за тоа да се биде поскромен во начинот на кој ги користиме ресурсите“, вели тој.

Микусински додава дека грижата за животната средина би била во интерес на религиозните заедници.

„Верските конгрегации имаат во сопственост околу седум проценти од земјиштето на Земјата и уште осум проценти се сметаат за света земја.

Негова колешка на шведскиот Универзитет за земјоделски науки, Маргорзата Блихауска е коавторка на студијата. Таа пишува дека се потребни стратегии за конзервација кои ќе можат да „ги променат етичките погледи на луѓето кон природата и да охрабрат начини на размислување и животен стил што е добар за животната средина“. Микусински се согласува:

„Ние имаме морална обврска да обезбедиме пристојно живеење за следните генерации. Тоа е заедничко за речиси сите религии. Употребуваме се` повеќе и повеќе резурси пер капита. И се разбира, на долга патека, тоа не е одржливо“.
Тој признава дека ова е комплицирано прашање. На пример, тешко е да се побара од сиромашните да користат помалку ресурси одошто користат во моментот.

Друг ко-автор на студијата, Хју Посингам од Универзитетот на Квинсленд во Австралија, пишува „Римокатолиците, пер капита, имаат најголем потенцијал да го заштитат биодиверзитетот таму каде што живеат“.

Микусински посочува дека Францис од Асиси е римокатолички светец-заштитник на животните и екологијата. И сега, сегашниот папа е именуван Францис. Тој вели дека се надева папата Францис да земе проактивна улога во заштитата на биодиверзитетот.
XS
SM
MD
LG