Линкови за пристапност

Невесела прогноза за енергетските трошоци


Невесела прогноза за енергетските трошоци
Невесела прогноза за енергетските трошоци

Меѓународната агенција за енергија вели дека светот би можел да се соочи со драстично повисоки цени и поголем ризик од климатските промени ако нема поголеми промени во начинот на кој државите, компаниите и конзументите ја користат енергијата.

Извештајот на агенцијата објавен во среда предвидува дека побарувачката за енергија ќе порасне за 40 проценти до 2035, што би можело да ја турне цената на барел нафта над 200 долари.

Авторите велат дека Блискиот исток е единственото место каде производството на нафта може да се развие до точка да ја задоволи побарувачката на регионот, но дека тоа нема да се случи без значителна инвестиција во инфраструктурата.

Извештајот исто така забележува дека неодамнешната катастрофа во Јапонија покренала прашања за безбедноста на нуклеарната енергија. Авторите предупредуваат дека натамошното намалување на производство на атомска енергија може да ги искомплицира напорите да се одговори на побарувачката за енергија без да се зголеми испуштањето на јаглерод поврзан со климатските промени.

XS
SM
MD
LG