Крв на улиците на Менхетен. Едно лице загина, а најмалку 9 се повредени, а осомничениот напаѓач го застрела полицијата. Ова е трагичниот биланс на оружениот инцидент што утрово, нешто по 9 часот се случи пред симболот на Њујорк, облакодерот Емпајар стејт билдинг, во фрекфентно време и за вработените, и за туристите од кои вторите во голем број доаѓаат во Големото јаболко во овој дел од годината .
Kомандирот на полицијата во Њујорк Рејмонд Кели го идентификуваше напаѓачот како 53-годишниот моден дизајнер Џефри Џонсон, кој пред една година добил отказ фирмата за женска облека Хазан импортс. Тој наводно од непосредна близина застрелал во главата свој поранешен колега од компанијата, по што се обидел да побегне. Според командирот, но и изјави на сведоци за ТВ-мрежите, градежен работник кој го видел убиството започнал да го следи напаѓачот, а потоа известил двајца полицајци на кои наишол. Тие се обиделе да го запрат напаѓачот, но тој отворил оган, на што возвратиле и го убиле. Полицијата претпоставува дека повредените се случајни минувачи кои не ни сонувале дека ќе се најдат на погрешно место во погрешно време.
Ова е трет вооружен инцидент во САД последниве месец и нешто дена што го привлече вниманието на национално ниво: на 20-ти јули во кино-сала во Колорадо напаѓач усмрти 12 лица. Две недели подоцна, седум лица, меѓу кои и напаѓачот, станаа жртви во пукање во храм на Сиките во Висконсин.