Серијата Татковина однесе најмногу ТВ-награди ЕМИ на 64-тата по ред годишна церемонија што синоќа се одржа во Лос Анџелес.
Серијата на ТВ-каналот Шоутајм - психолошки трилер за американски војник, под влијание на Ал-каида, кој се враќа во САД за да изврши терористички напад - беше овенчана со ЕМИ за најдобра драма. Демијан Луис, кој го игра војникот, како и Клер Дејнс во улогата на агентка на ЦИА која се сомнева дека тој станал член ан Ал-Каида, ги добија наградите за најдобар актер и актерка во драмска серија. Таковина поведи и во категоријата најдобро напишан текст.
Серијата Современо семејство, за урнебесниот живот на три двојки и нивните деца, доби Еми за најдобра комедија.