Линкови за пристапност

„Брејкинг бед“ ја доби наградата за најдобра драмска телевизиска серија

„Брејкинг бед“ е најдобра тв-серија според доделените престижни награди Еми, во понеделникот навечер, во Лос Анџелес.

Дејството е фокусирано на професор по хемија кој заболува од рак и станува дилер со дрога. Серијата беше во продукција пет години, а со наградата се закити по втор пат.

Брајан Кранстон кој го игра Волтер Вајт се закити со Еми за најдобар актер во категоријата тв-драма, додека Ерон Пол и Ана Ган добија признанија за најдобра споредна машка и женска улога во истоимената серија.

Комедијата „Модерно семејство“ доби Еми за најдобра хумористична серија, пета година по ред.

На настанот пренесуван на националната телевизија актерот Били Кристал му оддаде почит на неговиот пријател и колега Робин Вилијамс кој изврши самоубиство пред две недели.

XS
SM
MD
LG