Линкови за пристапност

Зошто некои економии во подем се развиваат побрзо од други?


До крајот на годината Кина може да ги надмине САД и да стане најголема економија во светот, тврдат некои стручњаци.

Меѓународната компаративна програма, што е во рамки на ОН, изврши нова евалуација на бројни аспекти на големите економии, користејќи метод наречен „паритет на куповна моќ“.

Професорот Камел Мелахи од британскиот Универзитет Варвик, вели дека методот обезбедува добра слика за релативните цени на добрата во различни држави и колку чини да се купат производи потребни на обичните луѓе.

„Се добива информација за тоа како се движи вредноста на доларот, во однос на купување на добра и услуги во различни држави. На пример замислете добра што сите ги купуваме, вклучувајќи млеко, путер, шеќер, одење во кино, цената на едно потстрижување – во различни држави. Практично се прави споредба на цените на сите овие добра и услуги“, вели Мелахи.

Научните соработници потоа согледуваат што е тоа што придонесува на претпоставената стапка на размена, користејќи го тоа за да ја направат споредбата.

Бруто домашниот производ ги мери сите добра и услуги произведени во одредена земја. Користи банкарска разменска стапка, како на пример што би ја начле кога патувате во странство.

Но, многумина тврдат дека така не се добива вистинската слика. Грег Мекбрајд е финансиски аналитичар од Bankrate.com. Вели дека методот на паритет на куповна моќ елиминира некои од слабите страни на БДП, но сепак вели дека методот на паритет на куповна моќ е повеќе проценка, отколку прецизно мерило.

Светската банка за 2012-та година покажува дека БДП на Кина бил нешто над 8 трилиони долари, додека истиот на САД бил над 16 трилиони.

Професорот Мелахи посочува на некои проблеми на БДП:

„Со традиционалниот БДП, луѓето секогаш велеа дека тој ја занемарува големината на економиите во државите во развој и некои економии во подем ... зашто цената на животот таму е поевтина и пониска, изјави Мелахи.

Професорот по економија од Универзитетот на Њу Хејвен Роберт Рејниш вели дека ниеден од методите не е попрецизен од другиот, туку многу поразличен и дава сосема различна слика.

Како и да мерите, Кина и Индија се развиваат побрзо од развиените економии како САД, на пример, и тоа веќе некое време.

Најнови извештаи покажуваат дека американската економија се развила за слаба една десетина од процентот во првите три месеци од годината.
XS
SM
MD
LG