Амбасадата на САД ги поздравува прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР. „Овие заклучоци се во согласност со она што тимовите од Амбасадата на САД го забележаа за време на првиот и вториот круг од изборите“, се вели во денешното соопштение на американската амбасада.
Таму каде што постои загриженост за неправилности и злоупотреби, препораките на Амбасадата - се граѓаните да ја искористат соодветната процедура и да ги пријават, додавајќи дека со тоа ќе се зајакнат идните изборни процеси.
„Силна локална власт обезбедува основи за една динамична демократија“, се вели натаму во соопштението, завршувајќи со охрабрување на новоизбраните градоначалници и советници, „да бидат отворени, достапни и одговорни за граѓаните во своите општини“.
Facebook Forum