Линкови за пристапност

Вашингтон ја претстави својата дипломатска заедница


Вашингтон ја претстави својата дипломатска заедница
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Годишниот саем на амбасади во Вашингтон деновиве се одржа по осми пат, а интересот на излагачите и посетителите и годинава беше голем. За повеќето држави ова е можност да го претстават својот културен идентитет.

Со 177 амбасади, Вашингтон ја има една од најголемите и најдинамичните дипломатски заедници во светот... што е разбирливо бидејќи луѓе од цел свет ги избрале САД за да живеат и работат тука.

Културната дипломатија е многу важна за Уганда. Сакаме на светот да му покажеме кои сме ние.
Санта Мари Канјера, амбасада на Уганда во САД.


Традиционално на крајот на годината, голем дел од овие амбасади се претставуваат на годишен саем во зградата Роналд Реган.

Целта е поврзување на различните нации и култури, поттикнување на меѓународниот дијалог, но и отворање на нови бизнис можности.

„Учествуваме секоја година. Главната идеја е поврзување на луѓето. Штандот на Мароко е многу колоритен, како и нашата земја. Луѓето се топли и гостољубиви. Сакаме да привлечеме што повеќе туристи во Мароко. Поттикнувањето на бизнис соработка е исто така една од целите“, вели Ларби Мики од амбасадата на Мароко во САД.

Секоја држава има своја агенда. Украинската амбасада се претстави не само за да ги презентира убавините на својата земја, туку и за да ја запознае меѓународната јавност со новите политички ветришта, кои ја менуваат Украина.

„Сите знаат дека нашиот нов претседател беше комичар, но не знаат сите дека тој е првиот претседател на Украина, кој не е избран од претходната номенклатура на Комунистичката партија. Значи на светот сакаме да му го покажеме новото лице на нашата земја“, вели Тарас Москаленко од амбасадата на Украина во САД.

За повеќето држави ова е можност да го претстават својот културен идентитет.

„Културната дипломатија е многу важна за Уганда бидејќи така ја претставуваме нашата култура, јазик, храна, убавините на нашата земја... Сакаме на светот да му покажеме кои сме ние“, вели Санта Мари Канјера од амбасадата на Уганда во САД.

Но, ова е и можност за запознавање со други култури.

Настанот на кој што повеќе од 50 амбасади ги претставија своите држави е слика за мултиетничноста на Вашингтон. Ова е вистинско богатство на култури и традиции.

„И осмиот саем донесува на едно место многу култури. Мислам дека тоа е она што ни треба, бидејќи сите луѓе се исти без разлика од која држава доаѓаат. Потребни сме си едни на други“, рече Тифани Ланкастер, која потекнува од Етиопија.

Годишниот саем на амбасади во Вашингтон се одржа по осми пат, а интересот на излагачите и посетителите и годинава беше голем.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG