Линкови за пристапност

Елон Маск во жестока одбрана на автономните возила


Моделот „Ѕ“ на Тесла се судрил со противпожарен камион со брзина од речиси 100 километри на час, а возачот се здобил само со скршен глужд

Директорот на Тесла Елон Маск, денеска повторно ја бранеше технологијата за автономно возење, откако беше објавена уште една несреќа во која беше вклучено возило на производителот на електрични и самоуправувачки автомобили.

Маск се пожали на Твитер за она, како што го нарече, „нефер“ фокус на незгодите, отколку на придобивките од автономните возила со потенцијал патиштата ширум светот да се направат побезбедни.

„Тоа е сензационална информација за насловна страна дека несреќата на Тесла, која резултирала со скршен глужд, е поважна информација отколку тоа дека речиси 40.000 луѓе ги губат своите животи во сообраќајни незгоди и тоа само во САД минатата година“, напиша Маск на Твитер.

„Она што всушност е неверојатно во врска со оваа несреќа е тоа што моделот „Ѕ“ на Тесла се судрил со противпожарен камион со брзина од речиси 100 километри на час, а возачот се здобил само со скршен глужд“, додаде Маск.

И покрај тоа што автомобилите на Тесла имаат способност за автономно возење, сепак возачите се повикуваат да внимаваат и да бидат подготвени да ја преземат контролата над воланот, доколку е потребно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG