Линкови за пристапност

Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом ги изгуби прелиминарните избор


Во шокантен исход, кандидат на Ти Парти со малку пари и голема поддршка во конзервативниот дистрикт го порази евентуалниот заменик на Џон Бејнер

Претставникот во американскиот Конгрес, Ерик Кантор, лидер на мнозинството во Претставничкиот дом под контрола на републиканците, претрпе шокантен пораз во прелиминарната трка за реизбор на неговото место во Конгресот во југоисточната сојузна држава Вирџинија во вторникот.

Кантор со големо мнозинство беше поразен од Дејвид Брат, професор по економија во мал колеџ кој беше поддржан од ултраконзервативното движење Ти Парти.

Брат собра малку пари, но доби поддршка од гласачите и конзервативните медиумски личности обвинувајќи го Кантор за поддржување на план да им се даде на илегалните имигранти во САД лесен пат до државјанство, што опонентите го критикуваат како „амнестија“.

Многу политички конзервативци велат дека поразот на Кантор значи дека усвојувањето на легислативата за реформа на имиграциониот систем сега нема шанси.

Обраќајќи се до поддржувачите во вторникот навечер, Кантор својот пораз го нарече „разочарувачки“ но нагласи дека верува „дека има можности за сите нас зад следниот агол“. Кантор се сметаше за веројатна замена за спикерот на Претставничкиот дом Џон Бејнер по ноемвриските конгресни избори.

Демократскиот противник на Брат беше Џек Трамел, друг кандидат кој прв пат се кандидира и исто така професор на истиот колеџ како Брат. Брат е омилениот кандидат кој се олчекува да го добие републиканскиот дистрикт.
XS
SM
MD
LG