Линкови за пристапност

Избори во САД: Победници и губитници


Што научија републиканците и нивното конзервативно крило Ти парти од исходот што може да се примени на национални избори?

Две различни изборни трки, во Њу Џерси и во Вирџинија, беа под влијание на ултра-конзервативното крило на Републиканската партија, Ти парти, но на различен начин.

Членовите на Ти парти во Конгресот беа главни двигатели на затварањето на владата на САД во напор да направат здравствената програма на претседателот Обама да биде де-финансирана.

Аналитичарите велат дека непопуларното затварање му наштети на републиканскиот кандидат за гувернер Кен Кучинели, кој има силни врски со Ти парти.

Сепак, Кучинели го намали јазот со неговиот опонент преку напаѓање на Обамакеар.

На крајот Вирџинија го избра демократот Тери Меколиф, кој вети двопартиство.
Во Њу Џерси, големата изборна победа на републиканецот Крис Кристи беше резултат и на поддршката на демократите и малцинствата.

Тад Дивајн, демократски стратег вели:

„Тој презеде многу демократска сојузна држава – Обама победи во Њу Џерси за 17 поени во последните два избори – и стана гувернер кој не само што победи првиот пат, победи со големо мнозинство вториот пат.“

Републиканскиот стратег Форд О`Конел вели дека републиканците од Ти Парти треба да научат нешто од победниците. "Зашто, во спротивно, остануваат во комора со ехо, зборувајќи само на својата база. Вистинскиот проблем на Ти Парти е како тие да станат поатрактивни за луѓето кои не се нивната републиканска база.“

Внатрешната битка што претстои спроти националните избори кои се приближуваат, е за „душата и срцето“ на Републиканската партија, велат аналитичарите. Дали партијата се врти кон екстремниот конзервативизам на Ти парти или кон поумерените?

О`Конел вели, од тоа како ќе се покаже таа битка, ќе зависи дали ќе има повеќе битки и нефункционалност и владини затварања. И тоа е нешто што луѓето низ цел свет го следат зашто Америка е се` уште најсилната економија на светот.

О`Конел вели дека резултатите од локалните избори ќе ги охрабрат припадниците на Ти парти да одат против Обамакеар како прашање со кое можат да добијат идни избори. Но поразот во Вирџинија може исто така да ги охрабри умерените републиканци да ги балансираат тие напади за да се додворат на поширок електорат.
XS
SM
MD
LG