Линкови за пристапност

На Северна Македонија и` се потребни одговорна власт и здрава опозиција


На Северна Македонија и` се потребни одговорна власт и здрава опозиција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Сите партии кои сметаат на победа на следните избори, треба да расчистат со своите грешки, за да можат да одат напред, велат соговорници за Гласот на Америка

Во време кога во државата се случува една од најголемите афери досега „Рекет“, опозициската ВМРО - ДПМНЕ инсистира на предвремени парламентарни избори, очекувајќи на тој начин да се врати на власт.

Самоил Малчески, член на ВМРО - ДПМНЕ, вели дека тоа е можно само доколку дојде до промена на одредени партиски политики.

Тој смета дека партијата треба веднаш да излезе со решенија, како да се надмине актуелната состојбa во државата, но, и предлог на кадри, кои ќе бидат способни да се справат со девијатните појави во државата изминативе години.

„Прво нешто што мора да го направи е да го напушти Парламентот и да побара сериозна меѓународна истрага за случајот `Рекет`, проследено со формирање на техничка, експертска влада, која ќе се справи со овие случувања. Во овој момент на партијата и фалат луѓе кои вредат во општеството“, вели Малчески.

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, вели дека сите партии кои сметаат на победа на следните избори, треба прво да расчистат со своите грешки и убедувања кои биле погрешни во минатото, за да можат да одат напред.

„Значи треба да се рачисти со некои стари парадигми и да се отпочне со некoј нов приод. И ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ, и сите што се надеваат на победа, треба да понудат една нова парадигма. Република Северна Македонија да почне еден нов пат“, рече Филипов.

Тој смета дека не е време за предвремени парламентарни избори, особено во време кога земјава очекува членство во НАТО, и добивање на датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Малчески, пак, вели дека наместо избори потребна е влада составена од експерти во сите области, која во период од една година ќе ги испорача реформите кои ги бара ЕУ.

Филипов додава дека треба да се мисли на задачите, односно на најголемата задача - донесување на Закон за јавно обвинителство.

„Тука би требало да се насочат сите сили, барем до периодот до кога треба да се додели тој датум. Понатаму може да се организираат тие предвремени избори и кои веројатно би биле три до четири месеци пред редовните избори“, вели Филипов.

Малчески вели дека не е сигурен колку СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ во овој момент се подготвени за предвремени избори.

„И што би понудиле на тие избори. До септември, октомври 2020 година најдобро е да се формира експертска влада“, смета тој.

Соговорниците сметаат дека на земјава не само што и` е потребна одговорна власт, туку и здрава опозиција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG