Линкови за пристапност

Американските законодавци бараат целосна истрага за упадот во Конгресот


Тие укажуваат на недостиг на подготовка пред планираните протести вчера

Американските законодавци бараат истрага во полициската заштита на Конгресот, додека, истовремено, ја пофалија полицијата за нејзината акција, откако вчера поддржувачи на претседателот Доналд Трамп упаднаа во конгресната зграда.

Барањето одговори го поттикнаа двајца демократи, кои во новиот Конгрес ќе предводат поткомитети за надзор на буџетот за полицијата на Капитол.

„Ќе има многу видеа, некои ќе поттикнат загриженост, некои ќе покажат хероизам. Потребна е целосна истрага за тоа како беше пробиена безбедноста на Капитол толку брзо“, рече сенаторот Крис Марфи.

Конгресменот Тим Рајан укажа на недостиг на подготовка пред планираните протести вчера, кога приврзаници на Трамп се собраа да го поддржат неговото одбивање на изборните резултати.

Конгресменката Илхан Омар рече дека „трошиме милијарди долари на национална безбедност, и не успеавме да го заштитиме Конгресот од неконтролирална маса. Неприфатливо“.

Вчерашниот упад во Конгресот се случи по обраќањето на Трамп на собирот во близина на Белата куќа, охрабрувајќи ја масата да продолжи да се бори против изборните резултати, додека членовите на Конгресот се подготвуваа да ги потврдат гласовите на само два километри оддалеченост од нив.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG