Линкови за пристапност

Официјални лица од ФБИ ќе сведочат за нападите на Конгресот на 6-ти јануари


Официјални лица од Федералното истражно биро (ФБИ) и од Одделите за одбрана и домашна безбедност, следната недела ќе сведочат пред Конгресот, како дел од сослушувањата за нападот на 6-ти јануари.

Поранешни официјални лица одговорни за обезбедување на Конгресот, вчера, првпат, сведочеа по насилството минатиот месец, велејќи дека причина за неупсехот при одбраната бил недостигот на доволно разузнавачки информации, потребни да се спречи „планираното и координирано“ насилство од страна на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Нападите оставија пет лица мртви, меѓу кои и полицаец на Капитол, а беа повредени најмалку 140 други полициски офицери.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG