Линкови за пристапност

Денес се гласа за гувернер на Вирџинија и Њу Џерси


Двете изборни трки се важни пред конгресните избори следната година

Денес се гласа за гувернер на сојузните држави Вирџинија и Њу Џерси, две изборни трки пред конгресните избори следната година.

Во Вирџинија, демократот Тери Мекалиф, кој беше гувернер на оваа сојузна држава од 2014 до 2018 година, се соочува со републиканецот Глен Јангкин, кој е нов во политиката.

Двајцата кандидати имаа последни собири вчера во близина на главниот град Вашингтон. Јангкин рече дека „ќе се одлучи иднината на државата“, додека Мекалиф изјави оти „залогот е огромен“.

Јангкин доби поддршка од претходниот претседател Доналд Трамп.

Во Њу Џерси, гувернерот Фил Марфи е во трка да биде првиот демократски гувернер на сојузната држава кој бил реизбран во последните 44 години. Негов противник е републиканецот Џек Сиатарели, поранешен законодавец во сојузната држава.

Демократите имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом, со сите 435 места за избор во 2022 година.

Дел од информациите во текстот се искористени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG