Избраниот претседател Џо Бајден го повика претседателот Доналд Трамп да се обрати пред нацијата и да повика на мир.
„Го повикувам претседателот Трамп да излезе на национална телевизија, да ја исполни неговата заклетва и да го одбрани Уставот, како и да повика да се стави крај на оваа опструкција“, рече Бајден, осудувајќи го упадот во Конгресот, и нарекувајќи ги оние што влегоа во конгресната зграда екстремисти кои не ја претставуваат Америка.
„Нашата демократија е под невиден удар, каков што не е виден во современата историја“, рече Бајден.
Тој нагласи дека работата сега, и во наредните четири години, ќе мора да биде насочена кон обнова на демократијата, чесноста, почитта и владеењето на право.
Кусо потоа, Трамп објави видео, кое потоа беше отстрането од Твитер, во кое ги повика демонстрантите да одат дома, повторувајќи дека изборите биле украдени.
Facebook Forum