Линкови за пристапност

Конгресот почна со пребројување на електорските гласови за потврда на резултатот од претседателските избори


Повеќе од 100 законодавци, поддржувачи на Трамп, се очекува да ги оспорат резултатите

Законодавците во Сенатот и во Претставничкиот дом ја почнаа заедничката седница во Конгресот за да ги пребројат и потврдат електорските гласови, врз основа на резулатот од претседателските избори минатиот ноември.

Оваа вообичаена пракса и церемонијална функција, која е последен чекор откако Изборниот колеџ официјално го избра Џо Бајден на 14-ти декември, се претвори во тест за лојалноста на републиканските законодавци кон претседателот Доналд Трамп.

Повеќе од 100 поддржувачи на Трамп се очекува да ги оспорат изборните резултати и победата на Бајден.

За секој приговор е дозволена дебата од два часа, плус времето потребно за гласовите во секој дом, типично кратката церемонија, би можела да трае подолго.

Потпретседателот на САД Мајк Пенс, во улога на претседател на Сенатот, ќе ја надгледува заедничката седница.

Трамп освои 232 електорски гласови, во споредба со Бајден, кој освои 306. Тој досега не признава дека изгубил на изборите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG