Претседателот на САД Доналд Трамп, во телефонски разговор со изборни официјални лица во сојузната држава Џорџија, побара да најдат доволно гласови да се промени резултатот од изборите во ноември.
„Се` што сакам да направм е следното. Сакам да најдам 11.780 гласови, бидејќи победивме во оваа сојузна држава“, му рече Трамп на републиканскиот државен секретар на Џорџија Бред Рафенспергер. Разговорот се слуша на снимка обезбедна од Вашингтон пост, и која беше објавена вчера попладне.
Претседателот ја оспори веродостојноста на три одделни пребројувања на гласовите во Џорција, кои покажаа дека Бајден е прв демократски претседателски кандидат што ја освоил оваа сојузна држава од 1992 година.
Трамп на Твитер напиша дека зборувал со државниот секретар на Џорџија, кој не сакал да одговори на прашањата за мртви гласачи, изборни препреки и други нерегуларности.
Рафенспергер, пак, одговори неколку часа подоцна, велејќи дека тоа што претседателот Трамп го кажува не е точно, и оти вистината ќе излезе на виделина.
Facebook Forum