ВАШИНГТОН —
Десет поранешни секретари за одбрана на САД предупредија против користење на Армијата во обидите да се поништи резултатот од претседателските избори минатиот ноември, објави Асошиетед прес.
Поранешни први лица на Пентагон, и демократи и републиканци, објавија колумна во Вашингтон пост, во која велат дека „времето за сомневање во изборните резултати помина“.
Според нив, обидите да се инволвира војската во разрешување на изборни спорови, би ја однело државата на „опасна, незаконска и неуставна територија“.
Facebook Forum