Линкови за пристапност

Над 100 конгресмени и 12 сенатори ќе се обидат да спречат Бајден да биде потврден за претседател в среда


Трамп ги повика неговите поддржувачи во Висконсин да излезат на протести

Повеќе од 100 републикански законодавци во Претставничкиот дом, како и 12 сенатори, изјавија дека в среда ќе се приклучат на напорите да се блокира потврдувањето на гласовите oд Изборниот колеџ, кои покажуваат дека Џо Бајден го победи претседателот Доналд Трамп на изборите во ноември.

Потврдата на резултатот од 306 наспроти 232 електорски гласови во корист на Бајден, е последен чекор пред инаугурацијата на 46. претседател на САД на 20-ти јануари.

Демократите во Претставничкиот дом се сигурни дека ќе ја потврдат победата на Бајден, додека демократското малцинство во Сенатот, заедно со некои републиканци кои ја признаа победата на Бајден, се очекува да го направат истото во Сенатот.

Трамп, кој со недели вели дека изборната победа му била украдена, продолжува да тврди дека има изборни нерегуларности.

Тој, исто така, ги повика неговите поддржувачи во Висконсин да протестираат против потврдата на победата на Бајден в среда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG