Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, засега, го презеде водството во сојузните држави Џорџија и Пенсилванија, додека и денес продолжува пребројувањето на гласовите.
Бајден го презеде водството во овие две сојузни држави, по пребројување на гласовите кои стигнале по пошта, во градовите како Атланта и Филаделфија.
Кампањата на претседателот Доналд Трамп продолжува да ги оспорува резултатите, велејќи дека изборите не се завршени.
Оттаму тврдат дека претседателот ќе победи по очекуваното повторно пребројување на гласовите во сојузните држави каде трката е тесна.
Пребројувањето на гласовите и натаму продолжува.
Facebook Forum