Линкови за пристапност

Вирусот не` напаѓа сите, независно дали сме гласале за Трамп или Бајден, рече гувернерот на Охајо


САД вчера регистрираа повеќе од 117.000 нови заразени

САД, заклучно со вчера, регистрираа најголем број случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата, повеќе од 117.000 нови заразени.

Зголеменото ширење на вирусот се случува во време кога граѓаните се` уште го чекаат крајниот резултат од претседателските избори.

Гувернерот на Охајо Мајк Девајн рече вирусот ги напаѓа сите, и оти „не му е гајле дали сме гласале за Доналд Трамп или за Џо Бајден“.

САД досега имаат 9,6 милиони заразени од вкупно 48,6 милиони случаи во цел свет.

Русија регистрираше 20.582 нови случаи заклучно со денес, што претставува рекорден број на заразени во еден ден.

Со повеќе од 1,7 милиони заразени во Русија, само САД, Индија и Бразил имаат поголем број на случаи на коронавирус.

Коронавирусот се шири и низ Европа. Англија, вчера, го почна четиринеделниот карантин, додека Грција од утре воведува тринеделно затворање на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG