Пребројувањето на гласовите од изборите во САД продолжува во четирите клучни држави кои се одлучувачки за изборниот резултат - Аризона, Невада, Пенсилванија и Џорџија.
Во моментов, поранешниот потпретседател Џо Бајден води во Аризона, Невада и Џорџија, додека претседателот Доналд Трамп има водство во Пенсилванија.
Во меѓувреме, претседателот Трамп ги обвини демократите за наводно организирање масовна изборна злоупотреба, со цел да го спречат да биде резибран за претседател.
„Ова е случај кога се обидуваат да ги украдат изборите, и не смееме да дозволиме тоа да се случи“, рече вчера Трамп на прес конференција.
Бајден, пак, повика на трпение додека сојузните држави ги бројат гласовите, повеќе од 150 милиони годинава.
„Секој глас мора да се изброи. Така треба да биде“, рече Бајден за време на вчерашниот брифинг.
Ако Бајден го задржи водството во Аризона, со 11 електорски гласови, и во Невада со шест, тој ќе обезбеди 270 електорски гласови во Изборниот колеџ, потребни за да биде избран за 46. претседател на САД, дури и да изгуби во Џорџија и Пенсилванија.
Трамп, пак, треба да ги задржи сојузните држави каде сега води, и да ја освои Невада или Аризона, во кои сега водство има Бајден.
Facebook Forum