Линкови за пристапност

Втор ден по изборите во САД, се` уште не се знае кој ќе биде новиот претседател


Пребројувањето на гласовите продолжува во клучните сојузни држави, кои ќе треба да го одлучат изборниот резултат

Резултатот од изборите во САД и натаму е неизвесен, додека се пребројуваат гласовите во сојузните држави.

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден засега има мнозинство во Изборниот колеџ, или 253 наспроти 214 електорски гласови за претседателот Доналд Трамп.

Но, пребројувањето на гласовите продолжува во четири сојузни држави кои треба да ги одлучат изборите - Џорџија, Пенсилванија, Аризона и Невада.

Претседателот на Трамп бара да се стопира пребројувањето на гласовите, додека републиканците покренуваат легални постапки за наводни изборни нерегуларности.

Трамп засега води во Џорџија и Пенсилванија, додека Бајден има водство во другите две.

Пребројувањето на гласовите се одвива побавно од вообичаено, поради гласањето по пошта, односно повеќе од 101 милион гласачки ливчиња биле испратени пред изборниот ден во вторникот.

Повеќето од луѓето кои гласале по пошта велат дека сакале да ги одбегнат долгите редици, со цел да се заштитат од можна зараза со ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG