Кампањата на претседателот Доналд Трамп покрена тужби за начинот на справување со гласовите по пошта, повикувајќи да се стопира пребројувањето на гласовите во Мичиген и Пенсилванија, обвинувајќи ги официјалните лица за изборите во Џорџија дека несоодветно ги пребројувале гласачките ливчиња кои стигнале доцна.
Во Висконсин, уште една клучна држава за изборите, тимот на Трамп побарал одново да се пребројат гласовите.
Овие тужби се покренати, откако вчера претседателот Трамп сигнализираше дека ќе бара директно од Врховниот суд да го стопира пребројувањето на милиони гласачки ливчиња испратени по пошта.
Пребројувањето на гласовите се` уште се одвива во четири сојузни држави кои треба да ги одлучат изборите - Џорџија, Пенсилванија, Аризона и Невада.
Трамп засега води во Џорџија и Пенсилванија, додека демократскиот кандидат Џо Бајден има водство во другите две.
Пребројувањето на гласовите е забавено поради гласањето по пошта, односно повеќе од 101 милион гласачки ливчиња биле испратени пред изборниот ден во вторникот.
Facebook Forum