Демонстранти во повеќе градови во САД излегоа на улиците да бараат целосно пребројување на гласовите од изборите, додека, истовремено, поддржувачи на претседателот Доналд Трамп протестираа пред изборните седишта во Мичиген и Аризона, извикувајќи да се „стопира кражбата“.
Полицијата во Њујорк уапси десетици граѓани вчеравечер, за време на мирни демонстрации. Официјалните лица велат дека мала група се обидела да го наруши протестот, потпалувајќи корпи за отпадоци и судирајќи се со полицајците.
Луѓе протестираа и во Чикаго, Лос Анџелес, Сиетл, Хјустон, Питсбург, Минеаполис и Сан Диего.
Покрај тоа што бараа пребројување на гласовите, тие повикуваа и на расна правда, што беше главна причина за многу протести во текот на годинава.
Facebook Forum