Резултатот од претседателските избори во САД и натаму не е решен. Засега, демократскиот кандидат Џо Бајден има мнозинство во Изборниот колеџ. Претседателот на САД Доналд Трамп, пак, бара да се стопира пребројувањето на гласовите, додека републиканците покренуваат легални постапки за наводни изборни нерегуларности.
Пребројувањето на гласовите се` уште се одвива во четири сојузни држави кои треба да ги одлучат изборите - Џорџија, Пенсилванија, Аризона и Невада.
Трамп засега води во Џорџија и Пенсилванија, додека Бајден има водство во другите две.
Пребројувањето на гласовите е забавено поради гласањето по пошта, односно повеќе од 101 милион гласачки ливчиња биле испратени пред изборниот ден во вторникот.
Повеќето од луѓето кои гласале по пошта велат дека сакале да ги одбегнат долгите редици, со цел да се заштитат од можна зараза со ковид-19.
Facebook Forum