Линкови за пристапност

Аризона, Мичиген, Висконсин, Невада и Пенсилванија клучни за резултатот на изборите во САД


Во нив се` уште се бројат гласовите на граѓаните

Претседателските избори во САД меѓу претседателот Доналд Трамп и демократскиот противник Џо Бајден остануваат неодлучени, како што сојузните држави продолжуваат да ги пребројуваат гласовите по вчерашниот изборен ден, вклучувајќи ги клучните сојузни држави на кои можеби ќе им биде потребно денови да го завршат броењето.

Резултатот го одлучуваат изборите во секоја сојузна држава, вклучувајќи го и главниот град Вашингтон.

На победникот му се потребни 270 гласови од Изборниот колеџ, кој го сочинуваат 538 делегати.

Петте сојузни држави, кои ќе имаат клучна улога во резултатот на тесната претседателска трка, се Аризона, Мичиген, Висконсин, Невада и Пенсилванија.

Во нив се` уште се бројат гласовите на граѓаните.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG