Линкови за пристапност

Јужна Кореја одобри тест кој истовремено детектира ковид-19 и сезонски грип


Новиот тест е напредна верзија на ПЦР тестот, кој се очекува да им помогне и на пацинетите и на медицинските работници

Здравствените официјални лица на Јужна Кореја одобрија тест кој детектира, и ковид-19, и сезонски грип, што би помогнал да се спречи преоптоварување на болниците како последица на мешање на коронавирусот и сезоната на грип, објави Асошиетед прес.

Државата се бореше да го стави под контрола коронавирусот, кои некои експерти велат би можел да се рашири пошироко за време на студените месеци, кога луѓето повеќе седат во затворен простор.

Новиот тест е напредна верзија на ПЦР тестот, кој таргетира гени специфични за ковид-19 и за сезонскиот грип.

Министерството за здравство вели дека овие болести е тешко да се одвојат според симптомите, така што да се има дијагноза за двете, во период од три до шест часа, ќе им помогне на пацинетите и на медицинските работници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG