Линкови за пристапност

Американците вчера гласаа и за зголемување на минимална плата и право на абортус


Според Си-би-ес, најмалку 120 иницијативи биле на гласачките ливчиња во 32 сојузни држави, Порторико и главниот град Вашингтон

Американците гласаа и за повеќе иницијативи на вчерашните избори, покрај за претседател на САД и членови на Конгресот.

Според Си-би-ес, најмалку 120 иницијативи биле на гласачките ливчиња во 32 сојузни држави, Порторико и главниот град Вашингтон.

Овие иницијативи им овозможуваат на гласачите директно да променат закони на сојузно ниво.

Најголемата иницијативата беше во Калифорнија, со која се утврдува дали компаниите, како Убер и Лифт, би можеле да продолжат да ги класифицираат луѓето кои работат за нив како независни работници, место нивни вработени во компаниите.

58 проценти гласале за поддршка на оваа иницијатива.

Меѓу други предлози, за кои гласале граѓаните се и зголемување на минималната плата во Флорида на 15 долари на час до 2026 година, додека гласачите во Луизијана одобриле иницијатива со која се додаваат зборови да се објасни дека нема право за абортус, согласно Уставот на сојузната држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG