Линкови за пристапност

Германија ги повика САД да ги пребројат сите гласови од изборите


Сите треба да инсистираме на комплетно демократски избори, и тоа значи дека тие се завршени кога сите гласови се пребројани, рече вицеканцеларот и министер за финансии Олаф Шолц

Вицеканцеларот на Германија и министер за финансии Олаф Шолц, повика да се пребројат сите гласови во претседателските избори во САД, и рече дека Америка ќе остане значаен партнер на Германија и на Европската Унија независно од резултатот.

Шолц рече дека изборниот систем на САД е комплексен, и оти е тешко да се утврди кој победил на изборите. Тој додаде дека „сите треба да инсистираме на комплетно демократски избори, и тоа значи дека тие се завршени кога сите гласови се пребројани. Секој граѓанин мора да има можност да влијае врз резултатот преку сопствениот глас“.

Шолц нагласи дека е јасно оти ЕУ треба да развие „сопствена сила, конкретно во поглед на развојот на САД во меѓународната политика“.

Претседателот на САД Доналд Трамп, раноутрово, се обрати од Белата куќа да прогласи победа, која тој верува дека ја освоил, и најави дека ќе бара од Врховниот суд да го спречи пребројувањето на гласовите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG