Линкови за пристапност

Протести со огномети и играње по улиците, без сериозно насилство и немири


Независно кој ќе победи на изборите, демонстрантите рекоа дека ќе продолжат да протестираат во знак на поддршка на расната правда

Повеќе од 1.000 луѓе вчера излегоа на протести против претседателот Доаналд Трамп, собирајќи се на плоштадот пред Белата куќа „Црните животи значат“, додека уште стотици други протестираа низ Вашингтон, блокирајќи го сообраќајот и палејќи огномети, објави Асошиетед прес.

Протести имаше на многу места од Сиетл до Њујорк, но, без знаци за сериозно насилство, кусо откако беа затворени гласачките места.

Демонстрациите во Вашингтон генерално беа мирни, а луѓето извикуваа „ако ние не добиеме правда, тие нема да добијат мир“.

Групи тинејџери играа на улиците, додека минувачи ги поздравуваа.

Стотици луѓе протестираа против Трамп и во Портланд, Орегон, како и во Сител, каде неколкумина беа уапсени.

„Еве како изгледа демократија“, извикуваа демонстрантите, чии организиатори рекоа дека протестите ќе бидат мирни, и независно од резултатот на претседателските избори, тие ќе продолжат да протестираат во знак на поддршка на расна правда.

Стотици бизниси низ САД ги заштитија вратите и прозорците пред изборите, поради страв дека изборите ќе доведат до насилство, како што се случи по убиството на Џорџ Флојд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG