Претседателот на САД Доналд Трамп го посети неговото реизборно седиште во близина на Вашингтон, по што се врати назад во Белата куќа.
При посетата, тој беше прашан за одлуката на Врховниот суд да гo одбие напорот на Републиканската партија да ја блокира можноста три дена да се продолжи прифаќањето на гласовите во сојузната држава Пенсилванија, кои ќе стигнат по денешниот ден.
„Мислам дека е многу опасно тоа што го направија со таа одлука“, рече Трамп.
Тој, исто така, рече дека не размислувал ниту за победнички говор, ниту за повлекување по денешниот изборен ден.
„Се надевам дека ќе правиме една од тие две работи. Победата е лесна, губењето никогаш не е. Не за мене“, додаде Трамп.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден, пак, го посети градот од неговото детство Скрантон, Пенсилванија, каде им кажа на неговите поддржувачи дека една од причините зошто се бори за претседател на САД е да ја обнови душата на државата.
Facebook Forum