Линкови за пристапност

Досега нема индикации за надворешно мешање во изборите, велат од Одделот за домашна безбедност


Официјалните лица претходно потврдија барем најмалку два обида од Иран и Русија за влијание врз системите, кои беа клучни за изборите изминативе недели

Официјалните лица кои ја набљудуваат безбедноста на изборите во САД изразуваат доверба, додека граѓаните денес гласаат за избор на нов претседател.

Милиони Американци се очекува денес да гласаат лично, покрај повеќе од 100 милиони кои досега гласаа по пошта или во центрите за рано гласање.

И покрај индикациите за можно мешање во изборите од страна на американски непријатели, доказите досега укажуваат дека такви обиди не успеале да влијаат.

„Немаме индикации дека надворешни непријатели успеале да го компромитираат гласањето на овие избори“, рече вршителот на должност секретар за домашна безбедност Чад Волф, додавјаќи дека сепак остануваат високо алармирани.

Американските официјални лица досега потврдија барем најмалку два обида од Иран и од Русија за влијание врз системите, кои беа клучни за изборите изминативе недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG