Милениумците и помладата генерација се очекува да имаат голема излезност на денешните избори, велат експертите, продолжувајќи го трендот на зголемено изборно учество од конгресните избори во 2018 година.
„Многу студенти се вратени дома, така што многу е веројатно дека ќе можат да гласаат лесно“, вели Џош Катнер од Универзитетот Џорџ Вашингтон.
Од речиси 240 милиони граѓани со можност да гласаат денес во САД, околу 20 проценти од нив се на возраст меѓу 18 и 29 години.
Повеќе од седум милиони млади луѓе досега гласале предвреме, според истражувачки центар на Универзитетот Тафтс во Масачусетс.
Бројот на млади гласачи во Флорида, Северна Каролина, Минесота, Пенсилванија и во Мичиген, веќе го надминал прагот на излезноста за време на изборите во 2016 година.
Facebook Forum