Линкови за пристапност

Трамп го почна утрово со телевизиско јавување, Бајден беше во црква


Со оглед на пандемијата, повеќе од 99 милиони луѓе досега гласале рано, што претставува повеќе од две третини од вкупните гласови за време на изборите 2016

Десетици милиони граѓани денес гласаат низ целата држава за да одлучат дали претседателот Доналд Трамп ќе остане на власт наредните четири години или нов претседател на САД ќе биде поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Еве како изгледа денешниот ден:

- Изборните места се отворени во најголем дел од САД

- Трамп го почна утрото со телевизиско јавување во програмата „Фокс&Френдс“, каде кажа дека мисли оти ќе победи. Тој, исто така, оди во неговото резиборно седиште во близина на Вашингтон, пред да се врати во Белата куќа.

- Бајден го почна денот со присутво на црковна служба во сојузната држава Делавер. Тој, исто така, има две појавувања во Пенсилванија, пред да се врати во Делавер, каде треба да има вечерно обраќање

-Некои од првите пребројани гласачки места, покажуваат победа на Бајден во малиот град Диксвил Нотч во Њу Хемпшир, и победа на Трамп со 16-5 во Миксфиелд, Њу Хемпшир.

Со оглед на пандемијата, повеќе од 99 милиони луѓе досега гласале рано, што претставува повеќе од две третини од вкупните гласови за време на изборите 2016.

Некои проценки покажуваат дека на овие избори би можело да се очекува рекорден број од над 150 милиони гласови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG