За првпат се формираше предизборна коалиција на македонска и албанска партија. СДСМ и БЕСА заеднички ќе настапат на претстојните парламентарни избори на 12 април.
Според Зоран Заев, денешниот чин претставува надминување на стереотипите и моноетничкиот концепт на партиите во земјава. Прати порака и до ДУИ.
„Што се однесува до другите албански партии и коалиции, сакам да ја уверам јавноста дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние кои што ќе сакаат да се приклучат на победниците ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално учество во владината коалиција“, изјави Заев.
Но, дали денешната коалиција значи дека Билал Касами ќе биде носител на листата во шестата изборна единица од која доаѓаат најмногу албански пратеници? Еве што рече:
„Начелно се договоривме дека одиме заедно на избори. Во следниот период ќе се договори програмата, а за кадровските прашања, тоа ќе биде во интерес на граѓаните. Кој и да биде на листите ќе бидат најдобрите кандидати на двете партии“, рече Касами.
Во денешниот настап, лидерот на СДСМ порача дека, како што го нарече, заробеното ВМРО-ДПМНЕ, треба да остане политички изолирано како ретргограден политички субјект.
Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски за новата коалиција рече:
„Среќно нека им е“, коментирајќи и за тоа дали ќе има некој од политичките партии на Албанците?
„Во моментов мали се шансите да има таква партија, предизборно, а постизборно рековме да почекаме да се случи најголемата победа во независна Македониј - Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ“.
СДСМ и БЕСА во наредниот период ќе ја договараат распределбата на места на заедничките каднидатски листи за пратeници.
Facebook Forum