Денес се гласа во три сојузни држави во САД, вклучувајќи и демократски примарни избори за Сенат во Кентаки, чиј кандидат ќе треба да се соочи со републиканскиот лидер на сенатското мнозинство Мич Меконел во ноември, како и тежок демократски предизвик во Њујорк, со кој се соочува долгогодишниот конгресмен Елиот Енгел.
Јавните анкети во Кентаки покажуваат тесна трка помеѓу Ејми Мекграт, поранешен борберн пилот, која за малку го изгуби местото во Претставничкиот дом во 2018 година, и Чарлс Букер, 35-годишен законодавец.
Мекграт беше фаворит од почетокот на трката, и доби јавна поддршка од клучни демократски фигури, меѓу кои лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер, додека Букер обезбеди поддршка од прогресивни фигури, како сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен.
Денешниве избори се важни за 78-годишниот Меконел, кој е силен поддржувач на законадвните предлози на претседателот Доналд Трамп, и на неговите номинации за конзервативни судии.
Денешнава трка е клучна и за претседавачот со Комисијата за надворешни работи во Претставничкиот дом Енгел, чиј предизвик е Џемал Боуман, 44-годишен директор на училиште, кој никогаш претходно не бил во трка за јавна функција.
Енгел има поддршка од Шумер, спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, како и од поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Боуман, пак, зад него има прогресивни фигури во Њујорк, меѓу кои конгресменката Александрија Окасио-Кортес.
Истовремено се одржуваат и партиски примарни избори за шест конгресни места во Кентаки, и за други 26 конгресни места во Њујорк.
Facebook Forum