Линкови за пристапност

Ако суштинските закони предизвикаат блокада на пензии и плати, може да се одложат изборите, порача Заев


Неизвесност дали претстојните парламентарни избори ќе се одржат во планираниот термин
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Опозицијата врати дека станува збор за закана на премиерот поради, како што тврди, негова паника од изборно соочување

Неизвесност дали претстојните парламентарни избори ќе се одржат во планираниот термин. Премиерот денеска прати порака дека блокирањето на одредени закони во Собранието може да резултира со одложување на изборите. Заев вели дека не посакува такво сценарио, но дека е можно ако продолжат, како што ги нарекува, опструкциите во Парламентот.

„Суштинските закони ако предизвикаат блокада на пензии, на социјални трансфери, на плати итн, тогаш изборите може да се одложат. Ова не е закана, зашто тоа е одговорност на секој пратеник, независно дали е од власт или од опозиција, исто како и на Владата и на локалната сампуправа. Следам што се случува во Парламентот и ако перфидноста на користиње филибастеринг за изборното законодавство или за пензиите, може да значи пролонгирање на процесите. Јас тоа не го посакувам, но сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се` граѓанска и политичка, е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните“, изјави премиерот Зоран Заев.

Опозицијата врати дека станува збор за закана на премиерот поради, како што тврди, негова паника од изборно соочување.

„Веројатно човекот го фаќа паника, но избори ќе има. И од тоа нема бегање, имаше три години да ги донесе сите закони за кои сметаа дека се од интерес на граѓаните“, изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Партнерот во Владата – ДУИ, кој исто така има своја вина во блокадата на работата на Собранието поради илјадниците амандмани на измените на Изборниот законик, денеска со оптимиситички изјави дека излез е можен.

„Убеден сум дека со дијалог може да постигнеме решение за сите тие прашања, затоа што и датумот кој го определивме за избори беше консензуално донесен кај претседателот Пендаровски. И затоа консензуално треба да се решаваат битните прашања, како што е Изборниот законик, датумот за избори, вклучително и ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО“, рече Артан Груби од ДУИ.

На крајот на октомври, партиските лидери на средбата кај шефот на државата се договорија изборите да се одржат на 12 април, на почетокот на јануари да се избере техничка влада, а на 11 февруари да се распушти Собранието.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG