Линкови за пристапност

Груевски: Избори ќе има – ова е битка за Македонија


Груевски: Избори ќе има
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:01 0:00

Груевски: Избори ќе има

Премиерот во оставка Никола Груевски вели дека сите услови за изборен процес се исполнети, и го повика лидерот на СДСМ да ја преиспита одлуката за неучество.

„Доста беше, одиме на избори, одиме на избори и нека победи подобриот, нека победи тој во кого граѓаните имаат поголема доверба. Ние мора да научиме од сопствените грешки, но не во насока како што тоа некои го посакуваат, на деструкција и на гневот да одговориме со уште поголема деструкција. Ние мора да одиме напред и да ја раздвижиме земјата напред. Од минатото да извлечеме поука и да ги исправиме грешките. Услови за избори има и избори ќе се одржат, секој може да учествува, или да не учествува и тоа е слобода, односно и негласањето или неучеството на избори е одлука и еден вид учество во демократијата. Така Функционира демократијата, мнозинството одлучува.

Искрено жалам за вчерашната прес-конференција на Заев, искрено се надевам дека може да ја промени одлуката. Ова е мој повик до него тоа да го направи. Ова не е битка меѓу Груевски и Заев, и јас и тој сме неважни во оваа ситуација, ова е битка за Македонија“ – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната прес-конференција.

XS
SM
MD
LG