Линкови за пристапност

СДСМ потфрли, ВМРО - ДПМНЕ го валоризираше расположението на граѓаните, велат аналитичари за резултатите од првиот круг


Изненадувачи или реални резултати по првиот круг на локалните избори?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:58 0:00

Втор круг на локалните избори ќе има во четириесетина општини

Изненадувачи или реални резултати по првиот круг на локалните избори? Која партија потфрли а која имаше најголем успех по вчерашното гласање? На што се должи успехот на ВМРО - ДПМНЕ и разочарувачките бројки зад имињата на кандидатите на СДСМ?

ДУИ константен кај избирачите и во градовите кои традиционално ги држи. Триесет и пет општини добија градоначалници уште во првиот круг на локалните избори, а втор круг ќе има во голем број од поголемите градови во државата. ВМРО - ДПМНЕ во првиот круг победи во 22 општини, СДСМ во девет, ДУИ во три и Демократската партија на Турците во една општина.

Аналитичарите се едногласни, лошите политики на СДСМ како на локално така и на централно ниво, како и голем број на исти кандидати се клучната причина за неуспехот во првиот круг.

„Мислам дека ваквиот лош резултат на СДСМ се должи на погрешната политичка тактика која што партијата ја превзеде и не настапи со истата коалиција со која настапи на претходните избори. ЛДП, ДОМ и БЕСА настапуваа самостојно. Втора важна причина е лошото менаџирање на процесот на внатрепартиската селекција на кандидати во СДСМ која резултираше проблеми во Куманово, Шуто Оризари, Дебарца, Радовиш и други општини. Трета и најважна причина сметам дека е незадоволството на граѓаните од перформансите на некои градоначалници како и во однос на вкупните перформанси на Владата особено во светло на пандемијата, економијата и други важни прашања за граѓаните“, изјави аналитичарот Александар Спасеновски.

Аналитичарот Алберт Муслиу, пак, смета дека обемот на гласови кој го доби опозицијата е изненадувачи и за владечаката партија, а причината за тоа ја гледа и во апсолунтата власт која ја имаше СДСМ во изминатите некоку години.

„Владејачкото мнозиство имаше апсолутна власт и апсолутната власт секогаш има негативни ефекти врз носителите на таа власт. На овие избори граѓаните гласаа за локални прашања. Така да со една сериозна анализа, мислам дека во СДСМ и коалицијата ќе ги изнајдат дефектите кои се причината за ова што се случи и од тоа да извлечат поуки“, изјави Муслиу.

Дополнително е што на овие локални избори, во делот на советнички листи, голем успех имаат помалите партии и независните листи.

„Сметам дека е важно да се нагласи подемот на помалите политички партии и независните листи кои секако ќе претставуваат важни чинители во рамкиите на општинските совети и на некој начин ќе се надмине политичката биполарност која досега постоеше во општините во државата“, вели Спасеновски

Премиерот Зоран Заев има две недели да се обиде да се консолидира и да извлече макисум од вториот круг но за тоа ќе му биде потребна поддршката од коалициските партнери и партиите кои одлучија сами да напатапа на овие избори. За аналитичари не е случајот што тоа беше потенцирано во обраќањето на премиерот по првиот круг.

Најавите за предвремени избори кои вчера меѓу редови беа споменати од претставниците на опозицијата Муслиу ги отфрла.

„За да овие избори генерираат по дифолт предвремени парламентарни избори треба ВМРО – ДПМНЕ да го повтори она што го направи СДСМ во 2017 година. Тоа не е можно бидејќи СДСМ веќе има девет градоначалници во првиот круг. Од друга страна треба да видиме како ќе се однесува опозицијата. Ако треба да генерирате предвремени избори треба да се изразат јасни ставови околу сериозни прашања кои влијаат на нашата соработка со меѓународните партнери. Не сме сами во овој регион. Во принцип нашите партнери не се за предвремени избори, не се сега не биле ни порано. Тоа не е чудно бидејќи предвремените избори ги блокираат процесите. Така да не верувам дека сме во предизборие затоа што и темите не беа такви“, вели Муслиу.

Втор круг на локалните избори ќе има во четириесетина општини. Жестока битка меѓу кандидатите се очекува во Тетово, Куманово, Кичево, Струга и Гостивар каде разликата во гласовите на кандидатите кои одат во вториот круге од неколку десетици до две и пол илјади гласа. Втор круг ќе има и за градоначалник на Скопје како и за скопските општини Карпош и Центар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG