Линкови за пристапност

Џафери: Не може да се одложуваат изборите ако се избере техничка влада


Декември 26, 2019
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:00 0:00

За в сабота попладне како што брифираат од Владата закажана е средба меѓу Заев и Мицкоски, на која ќе се консултираат за техничката влада

Власта и опозицијата, според собранискиот спикер, се договориле за усвојување на сите закони кои треба да стапат на сила од 1 јануари, а чие носење премиерот го наведе како предуслов за одржување на изборите во април.

Талат Џафери не прецизираше како биле надминати разликите - чекор со кој се отвора вратата за предвремените парламентарни договорени за 12 април. Џафери дообјасни во кој случај може да има одложување на изборите.

„Не може да се одложуваат изборите ако биде избрана техничка влада, зашто таа влада има задача токму да организира избори. Собранието пак, не може да се распушти ако 100 дена претходно не биде избрана таа техничка влада“, изјави Џафери.

За формирање на техничка влада претходно актуелниот премиер треба да поднесе оставка – прашање кое денеска се отвори и на собраниската седница. Опозицијата му одбројуваше на Заев.

„Г-дине Милошоски може да пуштаме што било, тоа време заврши, тоа време на претходната власт. Јас сум тука да ви одговорам на вашите прашања“, изјави Заев.

За в сабота попладне како што брифираат од Владата закажана е средба меѓу Заев и Мицкоски, на која ќе се консултираат за техничката влада во која власта ја задржува премиерската позиција на ниво на технички премиер, а опозицијата ќе има технички министри за внатрешни работи и труд и социјала.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG