Линкови за пристапност

Етничката застапеност на локалните избори во Македонија


Етничката застапенсот на локалните избори во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Двете најголеми партии поднесоа советнички листи, составени од припадници на голем број националности и етнички групи

Наместо чисто етнички, некои од политичките партии на овие локални избори, понудија листи за советници составени од кандидидати од различни етнички заедници.

СДСМ оди дотаму што во општините Струга и Охрид, на листите се застапени речиси сите етникуми кои живеат таму, односно Албанци, Турци, Македонци со муслиманско потекло и Египќани.

„Сакаме да изградиме општество за сите граѓани. Верувавме дека она што тие го имаат како потенцијал, и она што тие го имаат како ресурс и можат да го дадат, се најдовме на иста бранова должина“, изјави Мишел Наумоски од СДСМ во Охрид.

Во општините Липково и Арачиново како чисто албански општини, првпат една македонска партија, односно СДСМ, има кандидат за градоначалник Албанец.

ВМРО-ДПМНЕ во Струга пак, за кандидидат градоначалник ќе има Македонец, со муслиманско потекло.

Социологот Татјана Стојаноска-Иванова, за Гласот на Америка, изјави дека времето на етнички поделби во политиката треба да заврши.

„Напротив, вие ќе имате шареноликост од различни етнички групи кои ќе се најдат на една листа. Секој ќе може да се пронајде и да гласа, затоа што затвореноста и правењето листи по етничка основа, нас не` оддалечува од оној интеркултурализам за кој се залагаме“, вели Стојаноска - Иванова.

Стојаноска додава дека иако станува збор за срамежливи почетоци, тие се многу важни за иднината на државата.

„Ако се покрене јавна дебата и ако имаме позитивен импулс, не само во контекст на моите ставови, туку и на други признати луѓе, кои се креатори на јавното мислење, како и ако го поддржат тој позитивен импулс, тоа дефинитивно ќе биде пракса и понатаму“, истакна овој социолог.

Поднесувањето на етнички мешани советнички листи е уште еден добар чекор кон градење на мултикултурно општество, вели етнологот Рубин Земон.

„Ова ќе придонесе кон развој и на меѓуетничкиот дијалог во институциите на локалната самоуправа. Од друга страна се увиде дека само преку вклучување на претставници на локалните етнички заедници, ќе може да се зборува за ефикасно учество на заедниците во јавниот живот“, изјави Земон.

На локалните избори на 15-ти октомври, ќе учествуваат 19 политички партии и коалиции, и 63 независни кандидати за градоначалници и Совети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG