Линкови за пристапност

И животните поделени меѓу Трамп и Клинтон


Лавина од анкети и прогнози за тоа кој ќе ја освои претседателската функција.

Нејт Силвер, основач на страницата Five Thirty Eight доби признание во изборите во 2012-та година откако точно го предвиде резултатот во секоја од 50-те сојузни држави. Овој пат, според нивните прогнози шансите за победа на демократката Хилари Клинтон се 71,4 отсто.

Алан Лихтман, професор по историја на Американскиот Универзитет кој точно ја предвидува секоја претседателска кампања од 1984-та година па наваму, вели дека победник на овие избори ќе биде Трамп.

Според Вашингтон Пост, неговите прогнози се темелат на точни или неточни изјави.

„Клучот од Белата куќа е збир на вкупно 13 точни или неточни изјави“, пишува весникот. „Ако шест од нив се неточни, партијата ја губи претседателската функција“.

Во септември Лихтман предвиде победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и се` уште стои на истиот став.

Ако уште не верувате, тогаш можете да видите што предвидуваат животните. Во Кина мајмунот-крал на пророштвата предвидува победа за Трамп.

„Мистичното мајмунче го избра Трамп, Еколошкиот туристички парк Шијанку кажа во соопштение на нивната веб-страница. Без трошка двоумење тој му честиташе на кандидатот од картон со бакнеж на усните“, напиша француската новинска агенција.

Во меѓувреме, во Индија, риба позната по името Чанакија III исто така го избра Трамп. Чанакија II точно го претскажа резултатот на европското фудбалско првенство 2016-та.

Но, животинското царство не е едногласно за Трамп.

Шкотска коза позната под името Бутс неодамна го направи својот избор загризувајќи го знакот означен како „Клинтон“, според весникот „Шкот“.

Ако не сакате да ги слушате животните има и друг начин.

Според продажбата на халовинските маски за секој од кандидатите, Трамп води со 55% спрема 45% за Клинтон.

Или еве како гласаше основното училиште „Бенџамин Франклин“ во Јорктаун Хајтс, Њујорк: Хилари Клинтон.

Последните 48 години секое одделение од градинка до петто одделение изведува божемно гласање и секогаш досега го имаат избрано идниот претседател.

XS
SM
MD
LG