Линкови за пристапност

Стент: Ако се води кампања против ЕУ, ќе се дозволи руско мешање во изборите


Одложувањето на датумот за ЕУ создава несигурност - Интервју со професорката Анџела Стент
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Одложувањето на ЕУ датумот им дава можност на оние што не сакаат тоа да се случи да реагираат во меѓувреме, вели професорката од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон

Изборите следната година може да го променат европскиот пат на Северна Македонија, смета професорката Анџела Стент од Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

„Би можело да се случи промена на траекторијата, ако имате многу ефективна изборна кампања која ќе се фокусира и ќе ги убедува луѓето што не сакаат да се приклучат во ЕУ“, изјави Стент во интервју за Гласот на Америка.

Според неа, тоа ќе отвори можност Русија и други играчи, кои се против ЕУ членството, да се вмешаат во изборниот процес.

„Русите ќе го поддржат кој било кандидат што ќе има поскептичен поглед кон западната интеграција и наклонет однос кон Русија“, вели Стент

Смета дека одложувањето на датумот за почеток на преговори со Европската Унија создава несигурност, и можност оние што не сакаат тоа да се случи да реагираат во меѓувреме.

А еден начин тоа да го направат е преку пропаганда на социјалните медиуми. Но, Стент додава дека тоа не е и единствен начин.

„Очигледно има бизнис контакти, луѓе кои имаат пари и влијание врз политичката ситуација. Има и други начини, како разузнавачки служби. Русите прифаќаат какви било канали да се обидат да влијааат врз избори“, објаснува Стент.

Според неа, кампањата против евроатлантската интеграција се потврдува и со неодамнешната изјава на рускиот претеседател.

„Путин всушност неодамна кажа дека мисијата на Северна Македонија да влезе во НАТО е закана за Русија. Така што, еден од начините да реагира е преку социјалните медиуми“, рече Стент.

Таа нагласува дека државата треба да се бори против ваквото влијание единствено со посветеност кон интеграцијата во западните институции, и покрај моменталното одложување на ЕУ датумот.

А штом стане НАТО членка, вели таа, Русија најверојатно ќе го намали фокусот кон Северна Македонија, и нејзините обиди да ја спречи европската интеграција на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG