Линкови за пристапност

Лошата економија преовладува на конгресните избори


Лошата економија преовладува на конгресните избори
Лошата економија преовладува на конгресните избори

Според неодамнешна анкета на Галуп, 43% од 3.000 испитаници велат дека економските услови се најголемата грижа во време кога излегуваат на гласање.

Со фактот што нивото на невработеност во САД и натаму е нешто под 10 проценти, економијата е прашање на кое гласачите се најфокусирани на конгресните избори.

Широката потрошувачка и натаму е под нивото што би сугерирало здрава економија. Проблемите со пазарот на недвижнини, што имаа клучна улога во почетокот на економската криза, навидум бавно се санираат. Американците и натаму ги губат своите домови, а високата невработеност е само една од причините што милиони сопственици на домови имаат проблеми со отплаќање на кредитите.

Според неодамнешна анкета на Галуп, 43% од 3.000 испитаници велат дека економските услови се најголемата грижа во време кога излегуваат на гласање.

23% од анкетираните сметат дека здравствената заштита е најважното прашање, додека 18% се најзагрижени за големината и моќта на федералната влада. За разлика од претходно, прашањата како војната во Авганистан и илегалната имиграција беа подолу на листата.

XS
SM
MD
LG